Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона водат вистинска „војна“ за потписот на Коутињо кој ги брани боите на англискиот премиерлигаш Ливерпул.


Коутињо никогаш се нема изјаснато оти сака да го напушти Енфилд, но понуда од овие два клуба сигурно ќе го натера да размисли бразилскиот репрезентативец за заминување.

Навивачите на Ливерпул спас гледаат во новиот менаџер кој ќе успее да го задржи Коутињо и покрај било каква понуда од Реал Мадрид и Барселона.

Англиските медиуми шпекулираат дека Барселона е желбата на Бразилецот поради начинот на игра, а „кралевите“ се оние кои ќе понудат побогата оштета за неговите услуги.

Ohridnews