Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона се пред нова војна, но не на терените него на трансфер пазарот. Претседателот на “кралскиот клуб“ Флорентино Перез подготвува неверојатна понуда од 120 милиони за Нејмар, а неколку агенти веќе стапиле во контакт со Сантош.


Бразилската супер ѕвезда во неколку наврати истакна дека ако кариерата ја продолжи во Европа, тоа ќе биде само во Барселона. Дека сака да игра покрај Меси, Иниеста и Чави, но Перез со мултимилионската понуда може да ги премисли сите па и Нејмар.

Дека овој трансфер може да стане реалност покажува фактот дека во најскапо платените трансфери предничи Реал Мадрид. Последен трансфер, кој ја потресе целата јавност поради сумата исплатена беше Кристијано Роналдо од Олд Трафорд на Бернабеу за 96 милиони евра.

Мх.П.