Трансфер бајката со несреќна завршница меѓу Реал Мадрид и шпанскиот чувар на мрежата, Давид де Геа доби и краен учинок откако кралскиот клуб дефинитивно се откажа од неговите услуги.


Де Геа неколку мигови го делеа за трансфер од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Како виновник за неуспешниот трансфер беше прогласен факсот кој стигнал неколку минути после 12 односно по завршувањето на летниот преоден рок.

„Кралевите“ на голот ќе продолжат со Кејлор Навас кој сезонава импресионира со своите одбрани и комплетно го замени долгогодишниот капитен Икер Касилјас.

Репрезентативецот на Коста Рика сезонава или на почетокот од следната ќе потпише договор и ќе обезбеди сигурна иднина на Сантијаго Бернабеу.

OhridNews