Десеткратниот Европски шампион Реал Мадрид ја одби првата понуда за Серхио Рамос која пристигнала од Манчестер Јунајтед.
Понудата на „црвените ѓаволи“ изнесувала околу 40 милиони евра, а „кралевите“ експресно ја одбиле барајќи неверојатни 90 милиони за дефанзивниот фудбалер.
Екипата од Олд Трафорд во трансферот на шпанскиот репрезентативец сакаат да го вклучат голманот Давид де Геа кој е голема желба на Реал Мадрид.
Менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал очајно бара дефанзивец на трансфер пазарот, а по се изгледа најблиску до ангажман е фудбалерот на Валенсија, Николас Отаменди кој е далеку поевтин од Серхио Рамос.
Ohridnews