Крајот на соработката помеѓу Реал Мадрид и Хамес Родригез е се поизвесна и „кралевите“ подготвени се да го ослободат фудбалерот за сума од 75 милиони евра.
„Црвените ѓаволи“ предводени од Жозе Мурињо будно ја следеа ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ и сега по извесниот крај клубот од Олд Трафорд треба да го повлече вистинскиот потег за ангажман, а тој е исплаќањето на сумата која ја бара Реал Мадрид.
Ветар во грб Манчестер Јунајтед има и од германската компанија „Адидас“ која опрема ја носи колумбискиот репрезентативец.
Како што најавуваат англиските медиуми англискиот и шпанскиот клуб трансферот на Хамес Родригез ќе го договорат уште овој месец, а Колумбиецот на клубот ќе му се приклучи на 1 јули кога ќе започнат подготовките.
Родригез на „Сантијаго Бернабеу“ се пресели после завршување на Мундијалот во Бразил 2014 година, каде имаше брилијатни настапи во дресот на Колумбија.
OhridNews