Финалистот од Лигата на Шампиони, Реал Мадрид, четврта година по ред е најбогатиот фудбалски клуб во светот, според истражувањата на магазинот Форбс, „кралевите“ вредат 3,6 милијарди долари.


Магазинот Форбс објави дека Реал Мадрид годишно заработува 694 милиони долари и е најуспешен и во оваа категорија.

Зад шпанскиот гигант, според истражувањето на Форбс, се наоѓа Барселона (3,5 милијарди долари) и Манчестер Јунајтед (3,3 милијарди долари).

Во Топ 10 на најбогатите фудбалски клубови се наоѓаат и Баерн Минхен (2,7), Арсенал (2), Манчестер Сити (1,9), Челзи (1,6), Ливерпул (1,5), Јувентус (1,3) и Тотенхем (1).

Истражувањата на Форбс, исто така, покажале дека во изминатата година вредноста на фудбалските клубови пораснала за 24 отсто. Ова се должи на зголемувањето на приходите од телевизиските права и спонзорските договори.

„Макфакс“
OhridNews