Реал Мадрид му се придружи на Јувентус во финалето во Лигата на Шампиони, откако во полуфиналето го елиминираа градскиот ривал Атлетико Мадрид со вкупен резултат (4-2).


Жестокиот почеток пред своите гледачи на „јорганџиите“ се исплатеше и со головите на Саул Нигез и на Ентони Гризман анулираа два од трите голови негатива.

„Кралевите“ и покрај „црвено белиот“ вулкан на Винсенте Калдерон не потклекнаа и ја стабилизираа играта. Таквиот развој на настаните условно кажано гостите го искористија и во финишот од првиот дел со голот на Иско намалија 2-1 и ги решија сите дилеми околу финалистот.


Во второто полувреме домашните фудбалери не го повторија притисокот и учинокот од првото, односно Кејлор Навас беше на висина на задачата и не дозволи трет гол и ново распламтување на страстите на Винсенте Калдерон.

Во големото финале Реал Мадрид ќе има можност да ја брани титулата, а Јувентус ќе атакува на третата круна од најеминетното клупско натпреварување во Европа.

OhridNews