Ако некоја екипа недостасуваше на трансфер пазарот таа сигурно е Реал Мадрид кој речиси две децинии го има главниот збор кога се во прашање скапите и моќни трансфери.


Освоената титулата во Лигата на Шампиони го намали притисокот на Зинедин Зидан кој не мора да форсира со купување на нови фудбалери бидејќи старите веќе го имаат потребниот рецепт.

Сепак, „кралевите“ ќе се обидат да пазарат барем нешто, колку да останат во ритам со останатите екипи кои се потрошија доста ова лето.

Единствен пик за сега на „лос бланкос“ е играчот за врска на Пари Сент Жермен и италијанската репрезентација, Марко Верати кој паузира подолго време поради повреда.


И минатата сезона се поврзуваше италијанскиот репрезентативец со трансфер на Сантијаго Бернабеу, но не се оствари, откако тогашниот тренер Лоран Блан ги стопираше и отфрли најмалите шанси за заминување на Верати.

Ако „кралевите“ се „разбудат“ и загризат за Верати нема сила што може да ги спречи макар оштетата била и мултимилионска.

OhridNews