Реал Мадрид освои само бод на дуелот со Атлетик Билбао на Сантијаго Бернабеу ремизирајќи 1-1 во 33-та рунда од шпанската Прва лига.

Сепак, бодот може да смета за успех на „кралевите“, бидејќи до него стигнаа со погодокот на Кристијано Роналдо во 89-та минута од мечот. Претходно, „баскијците“ преку Инаки Вилијамс во првиот дел поведоа со 1-0.

Последните четири рунди за Реал Мадрид нема да имаат резултатско значење, затоа што „кралевите“ отпаднаа од трката за титулата, а првата четворка во која се наоѓа и актуелниот шампион не е загрозена. 

Резултати: Еспањол – Еибар 0-1, Валенсија – Гетафе 1-2, Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1-1.

OhridNews