Екипата на Реал Мадрид синоќа го официјалираше петто засилување во летниот преоден рок, откако го комплетираше трансферот на левиот бек од Лион, Ферланд Менди.

24-годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор со „кралевите“ и ќе му биде конкуренција на Бразилецот Марсело кој е староседелец на Сантијаго Бернабеу. Лион од трансферот на Менди ќе заработи околу 50 милиони евра.

Францускиот репрезентативец официјална презентација во Мадрид ќе има на 19 јуни. Претходно, Реал Мадрид ги ангажираше Едер Милита, Еден Азард, Родриго и Лука Јовиќ, кој вчера имаше промоција. За петте трансфери клубот од Шпанија потроши 300 милиони евра.

OhridNews