Лидерот во Примера, Реал Мадрид со триумф над Елче (2-0) го капитализираше поразот на Барселона од Малага и се одлепи на плус четири.
Погодоците за победа „кралевите“ ги постигнаа преку Карим Бензема и Кристијано Роналдо во вториот дел.
Играчите на Реал Мадрид со триумф му го честитаа јубилејниот 500-ти натпревар на Икер Касилјас во Ла Лига.
Мх.П.