Кошаркарите на Реал Мадрид со фантастичен пресврт славеа против Барселона 81-80 и ја дуплираа предноста (2-0) во финалната серија од најдобрата кошаркарска лига во Шпанија.

„Кралевите“ во завршните 100 секунди успеаја да се вратат од девет негатива (74-65) и да обезбедат шут за победа. Прецизен беше Керол кој погоди за три поени на две секунди од крајот по маестралната асистенција на Љуљ. Барселона на спротивната страна не реализираше иго претрпе вториот пораз во финалната серија.

Третиот меч од финалето се игра во Барселона а кошаркарите на Реал Мадрид ја имаат прва „меч топка“ за титулата во Шпанија.

OhridNews