Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја одбрани титулата Европски првак, откако во финалето во Лигата на Шампиони во Кардиф со 4-1 го совлада составот на Јувентус.
Реал Мадрид со одбраната на титулата направи подвиг, односно стана првиот тим кој две години последователно го освојува трофејот во ЛШ.
И самиот тек на мечот одеше во прилог на „кралевите“ кои преку Роналдо поведоа со 1-0. „Бјанконерите“ резултатски баланс донесоа со голот на Манџукиќ.
Во вториот дел „лос бланкос“ комплетно доминираа и со два голови за кратко временски период го нокаутираа италијанскиот состав. Касемиро со помош на Кедира погоди за 2-1 во 61-та минута, а три минути подоцна Роналдо со вториот гол на мечот донесе водство од 3-1.
Магичната ноќ во Кардиф за Реал Мадрид ја заокружи Марко Асенсио, кој во 90-та минута погоди за конечни 4-1 и 12-та круна за шпанскиот гигант во ЛШ.
Мх.П.