Европскиот шампион, Реал Мадрид тргнува во нова офанзива по шпанскиот чувар на мрежата на Олд Трафорд, Давид де Геа.


Пред година и пол „кралевите“ се имаа договорено со Манчестер Јунајтед и голманот, но трансферот пропадна поради административна грешка на управата од шпанскиот состав. Де Геа подоцна ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ потпишувајќи нов петгодишен договор.

Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“ првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја одредил и почетната сума за Де Геа која изнесува 65 милиони евра.

Репрезентативецот на Шпанија во Манчестер Јунајтед се пресели од Атлетико Мадрид по лична сугестија на Сер Алекс Фергусон кој во тоа време се уште беше менаџер на „бебињата“.

OhridNews