Рекордната серија без пораз на Реал Мадрид во сите натпреварувања од 40 мечеви заврши, откако на Санчез Писхуан во 18-та рунда во рамките од Ла Лига претрпе пораз од Севиља 2-1. 

„Кралевите“ за пет минути од 85-та до 90-та го прокоцкаа водството кое го донесе Кристијано Роналдо од пенал во 67-та минута. Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сам си ја затреси мрежата за егал, а пресвртот го направи Стеван Јоветиќ кој како позајмен фудбалер од Интер настапува во Севиља. 

Три дена пред овој дуел во Ла Лига, Реал Мадрид се излече од пораз во Купот и обезбеди пласман понатаму иако имаше негатива по два погодоци два пати во мечот. 

Резултати: Валенсија – Еспањол 2-1, Селта Виго – Алавес 1-0, Гранада – Осасуна 1-1, Спортинг Хихон – Еибар 2-3, Севиља – Реал Мадрид 1-1.

Табела: Реал Мадрид 41 (-1), Барселона 38, Севиља 36, Атлетико Мадрид 34, Виљареал 31…

OhridNews