Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан руши рекорди. Благодарение на голот на Рамос во финишот “кралевите” извлекоа реми во фудбалското “Ел Класико”. Ова беше 33. натпревар во серија без пораз, со што Зинедин Зидан го подобри рекордот на неговиот ментор Карло Анчелоти.

Французинот сега ќе го напаѓа достигнувањето на Лео Бенхакер, кој ги предводеше „kралевите“ до 34 натпревари без пораз во сезоната 1988/89. Доколку Реал не загуби од Дортмунд во Лигата на Шампионите, Зинедин Зидан ќе го изедначи ова достигнување, а потоа против Депортиво на Сантијаго Бернабеу ќе има прилика да испише нова историја.

Реал за последен пат загуби на 6. април од Вoлфсбург во Лигата на шампиони.

ohridnews