Европскиот шампион Реал Мадрид со минимални 1-0 го совлада германскиот првак Баерн Минхен во контролниот натпревар кој двете екипи го одиграа во Америка.
Човек на одлука на големото дерби беше дефанзивецот Данило кој мрежата на „баварците“ ја погоди во 79-та минута од натпреварот.
Победа во Америка славеше и Челси кој со 3-1 го победи составот на Милан, а интересен меч одиграа Барселона и Лестер кој заврши во користи на каталонците 4-2.
Резултати: Барселона – Лестер 4-2, Монтреал – Рома 0-1, Баерн Минхен – Реал Мадрид 0-1, Милан – Челси 1-3.
OhridNews