Екипата на Барселона го освои целиот плен на „Аноета“ стадионот победувајќи со 4-2 иако домашниот состав Реал Сосиедад имаше водство 2-0 после половина час игра.

Реал Сосиедад поведе 2-0 со головите на Вилија Хозе и Хуанми после половина час игра. До крајот на првиот дел каталонците намалија со голот на Паулињо. Во второто полувреме Луис Суарез со два голови израмни и го комплетираше пресвртот, а печат на победата стави Меси.

Со трите бодови Барселона ја задржа предноста од девет бодови во однос на Атлетико Мадрид кој остана единствен конкурент во трката за титулата. 

Резултати: Леванте – Селта Виго 0-1, Алавес – Севиља 1-0, Еспањол – Атлетик Билбао 1-1, Реал Сосиедад – Барселона 2-4. 

Табела: Барселона 51, Атлетико Мадрид 42, Валенсија 40, Реал Мадрид 32..

OhridNews