Деновиве во ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид се организира и изведе отворен час-работилница, каде успешно се реализира соработката помеѓу родителите, ученици и наставниците во склоп на наставата.
Оваа седмица се изведе отворен час по ликовно образование под водство на одделенскиот наставник Љубица Чифлигароска, а во интерактивната настава директни учесници беа не само просфетните работници и учениците, туку и родителите од 4-1 одделение.
Како дел од овој отворен час, се изведе практична работа со методската единица дизајнирање и визуелна комункикација – композиција(боја, форма, линија и текстура), односно комбинирана техника(работа со есенски листови, овошни плодови, рециклиран најлон и лепак-дрвофикс).
OhridNews