Екипи на ЈП Охридски Комуналец реализираа акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија.

Во рамките на акцијата беше извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите, а потоа се реализира и машинско миење на чаршијата, велат од претпријатието.

Посочуваат дека одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби.

OhridNews