Во периодот од месец април до месец август 2013 година , во ОУТУ „Вначо Питошески“ во соработка со ЦСОО, АВРМ и УНДП, се реализира проект за обуки за побарувани  занимања на пазарот на трудот, предвидени со Оперативниот план на Владата за активни политики и мерки за вработување за 2013 год.

Согласно предвидената содржина од програмата, обуката за занимањето готвач во угостителски објекти се реализира во два дела: во периодот април-мај 2013 година во капацитетите на училиштето и во периодот јуни-јули 2013 година во капацитетите на работодавачи.

Вкупно од 10 кандидати упатени во училиштето на обука за занимањето готвач во угостителски објекти, обуката успешно ја реализираа 10 кандидати кои остварија право да полагаат.

На ден 09.08.2013 година во училиштето , согласно испитната програма, се реализира процесот на проверка и вреднување на знаењата на кандидатите стекнати за време на обуката за занимањето готвач во угостителски објекти.

На проверката и вреднувањето на знаењата на кандидатите, од страна на трочлена комисија, присуствуваа и претставници од АВРМ.

Сите кандидати успешно го комплетираа процесот на проверка и вреднување на знаењата.

OhridNews