Екипите на Паркови и зеленило реализираа активности за заштита на чинарите на територијата на Oпштина Охрид кои се заштитени со посебни мерки.

Кај чинарот на плоштадот Крушевска Република се реализирани активности за обновување на заштитната кора, прихрана, дополнување со хумусна земја, чистење од суви и непотребни гранки и расчистување на околниот простор. Кај чинарот во населба Воска се реализирани активности за прихрана, кастрење суви гранки и расчистување на околниот простор, додека кај другите чинари на територијата на Oпштина Охрид се интервенираше со отстранување на бршлените, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Реализирани активности за заштита на чинарите

Седумте чинари во Охрид на иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, Владата на Република Северна Македонија ги прогласи за природна реткост.

Овие стебла беа прогласени за природно наследство според стариот закон од 1973 година и требаше да се отпочне нова постапка за нивно препрогласување, односно да се стават во законска рамка според постоечкиот Закон за заштита на природата.

Подоцна беа поставени и информативни табли пред сите заштитени чинари и кочеџикот со основни информации за староста и називот на заштитените стебла.

OhridNews