Викендот што измина, во рамки на програмата за одбележување на Неделата на Црвениот крст се реализираа голем број хуманитарни активности.

На одржаната успешна крводарителска акција,  драгоцената течност ја даруваа 120 хумани сограѓани. Акцијата беше збогатена со голем број изненадувања, награди и забава.


На 42-от општински натпревар по прва помош, преку 300 ученици се дружеа и забавуваа, но и натпреваруваа во вештините и техники за укажување прва помош. На натпреварот, првото место во категоријата подмладок го освои екипата на ОУ „Братство и единство“, а во категоријата младина, првото место го освои екипата на ОСУ „Св.Климент Охридски“.


Во текот на викендот се реализираа и  активности во природа. Децата кои ја следат програмата Бреинобреин во рамки на Центарот за развој на животни вештини во Црвен крст Охрид, со своите инструктори и родители беа на активен излет во селото  Велестово. Тие во едукативниот тренинг центар на Црвен крст, на креативен начин ги покажаа стекнатите вештини и техники.


Истовремено, над  30 вљубеници  во планинарењето беа дел од планинарскиот марш до до врвот Магаро (2280 мнв), на планината Галичица, предводен од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид.


Активностите за одбележување на Неделата на Црвениот крст финализираат денес кога во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“  Ќе се одржи хуманитарна претстава „ За сите деца на светот“ во реализација на учениците од ОУ „ Живко Чинго“. Средствата собрани од продажбата на влезниците  кои чинат 50 денери,  Ќе бидат наменети за медицинска помоШ на малата Ивана која се соочува со сериозен здравствен проблем.

OhridNews