Тој не ги прецизираше сегментите кои ќе почуствуваат недостиг на средства поради ребалансот на буџетот, само наведе дека нема да дозволат да се одрази на платите на лекарите, да снема лекови, инсулин, медицински материјали и слично за да не колабира системот.
“Ќе се кратат одредени ставки кои во моментот се недоволно суштински, како што се едукативните програми, промотивни кампањи и слично“, рече Тодоров.
И фондот за здравствено осигурување претходно најави дека во нивната каса ќе се намали приливот на средства како последица од последниот ребаланс на буџетот, а сега за сега ќе резултира со доцнење на исплатата на боледувањето.
извор: Makfaks