Манчестер Сити во реванш мечот на Етихад со Динамо Киев со реми без голови ја одбрани предноста (3-1), стекната во Украина по првиот натпревар и се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
– Се можеше да се случи на Етихад. Заслуживме да победиме, но и да изгубевме немаше да биде незаслужено. Ние во овој двомеч сами си пресудивме во Киев. На тој меч немаше жар и немаше желба за игра, нешто што беше променето на реваншот. После мечот им честитав на моите фудбалери и сите заедно си посакавме успех повеќе следната сезона. – рече тренерот на Динамо Киев, Сергеј Ребров.
Пласманот во осумте најдобри „граѓаните“ најверојатно скапо ќе го платат откако во текот на мечот се повредија капитенот Винсент Компани и Николас Отаменди.
Според првите информации стоперскиот двоец ќе го пропушти дерби мечот со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а ќе отсуствуваат неколку недели.
ЛШ: Кошмарна вечер за „граѓаните“ на Етихад (фото)
ЛШ: Сити за историја, пенал рулетот му се насмевна на Атлетико Мадрид (видео)
OhridNews