Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 27.3%.
Анализирани по типови на домаќинства, најранливи се домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца, при што 36.5% од лицата кои живеат во такви домаќинства се сиромашни. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни невработени лица изнесува 50.6%, додека стапката на сиромашни вработени лица е 9.9%.
Доколку од вкупните расположливи приходи на домаќинствата се исклучат социјалните трансфери каде што се вклучени и пензиите, тогаш стапката на сиромашни лица е 42.8%, доколку, пак, се исклучат само социјалните трансфери, таа изнесува 30.5%, додека стапката на сиромаштија со вклучени социјални трансфери и пензии изнесува 27.3%.
Државниот завод за статистика за првпат ги пресметува и ги објавува меѓународно споредливите податоци за сиромаштијата за 2010 година. Тоа се таканаречените Лаекен индикатори за сиромаштија базирани на Анкетата за приходи и услови за живеење која е спроведена според препораките на Европската унија. Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во...
Ставен во функција новиот современ анестезиолошки апарат во Специјализираната болница за нефрологија – Струга наменет за потребите на Одделот за анестезија и реанимација при Уролошкото одделе...
Во среда, 28 октомври, ќе се одржи седумнаестата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 09:00 часот во зградата на општина Охрид На Дневен ред се 30 точки меѓу кои давање согласност на о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.