Тимот на Ред Бул се закани дека ќе отстапи од Светскиот шампионат во Формула 1 ако челниците не му дозволат да се здружи со Ауди од Волксфаген групацијата.


Ред Бул е крајно разочаран од сегашниот партнер Рено, кој оваа сезона заостанува многу од останатите ривали, а групацијата Волксфаген е заинтересиран за влез во Ф1.

– Ако не добиеме конкурентен мотор во најбрз можен рок или Ауди ќе влезе во Ф1 или пак ние ќе отстапиме. – изјави Хелмут Марко советник во Ред Бул.

Двократниот шампион со Ф1 има договор до 2020 година, а со Рено до 2016 година, а сезонава веќе е загубена за Ред Бул, кој смена четири мотори во воведните трки од шампионатот.

Мх.П.