Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини задржувањата за влез и излез од државата се во интервал од 30 до 45 минути.

Најголем број патници е забележан на преминот Богородица каде до 12 часот во соседна Грција влегле околу 7000 македонски граѓани кои таму ќе ги поминат велигденските празници.