Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ , одржа заедничка прес-конференција со ФРОДЕМ, на која објавии дека покрај ФРОДЕМ, почнат е процесот на приклучување на фракции, десничарски асоцијации и движења со цел окрупнување на партиските редови и заедничко делување во насока на демократизација и изнаоѓање решение за излез од оваа криза во која се наоѓа партијата.
Тие соопштија дека оваа окрупнување категорично не во насока на формирање на нова партија, туку засилување и враќање на посетоечката ВМРО-ДПМНЕ на витинскиот пат. За заедничко делување формирано независно тело чиј претседател е Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ. Ова тело заедно со сите приклучени членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе заедничка одлука како ќе настапат на Конгресот кој треба да се случи на 23 деекмври и ќе ја соопшти на 17 декември.Но, сепак Алексовски посочи дека тие нема да дозволат Никола Груевски повторно да направи приватна забава на Конгресот. Бараме да има демократски избор на кандидати за членови на Конгресот кои на демократски начин ќе бидат избрани од месните и општинските комитети. Само на тој начин членовите ќе ја изразат својата волја, за да не се повтори приказната од претходниот Конгрес, што беше еден вид приватна забава на Никола Груевски, рече Алексовски.
Од иницијативата за рефоми потврдија дека имаат свои делегати со право на глас, но засега не ја открија бројката на делегати од би имале поддршка, рече Александар Коневски и уште еднаш ги повика сите незадоволни членови да се приклучат и да дадат придонес кон отпочнувањето на започнатиот процес на реформи.
„Ги повикувам останатите демократски сили, кои не се задоволни од атуелното раководство и водење на партијата во погрешен правец, да се приклучат и со заеднички сили да ја извадиме партијата од оваа несакана ситуација , рече Коневски од иницијативата за реформи.
Потврдија дека барањата остануваат исти и не отастапуваат од нив.Тие бараат промена на статутот на партијата, избор на лидер по декомратски пат и нови органи на партијата.
OhridNews
Макфакс