Фондацијата Конрад Аденауер и петте верски заедници во Македонија, во соработка со Центарот за европски студии (ЦЕС, Брисел) го објавува официјалниот почеток на заедничкиот регионален фото натпревар под мотото: РАЗЛИЧНИ РЕЛИГИИ – ИСТИ ИНТЕРЕСИ.

Натпреварот ќе трае до 31 август 2012, а  право на учество имаат млади фотографи кои не се постари од 25 години и кои немаат професионално фотографско искуство. Фондацијата ќе го промовира натпреварот не само во Македонија, туку и во останатите земји од регионот (Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Србија).

Фотографиите треба да се испраќаат на следната е-маил адреса: [email protected]

Најдобрите три фотографии ќе бидат избрани од жири формирано од претставници од верските заедници, КАС, ЦЕС и новинари. Првоизбраните три фотографии ќе бидат наградени со парични награди и тоа: 500 евра за првата, 300 евра за втората и 200 евра за третата избрана фотографија.

Авторите на најдобрите 3 наградени фотографии ќе бидат поканети на наредната регионална конференција за меѓу-верскиот дијалог во Западен Балкан во организација на КАС.

OhridNews