Оваа годинава се регистрирани 25 новопријавени случаи на ХИВ/СИДА, а во 2012-та тој број изнесувал 24. Три лица оваа година починале, а нивната болест била откриена во терминална фаза, пренесува „Вечер“.

На јавната расправа насловена „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ“, проф. Звонко Миленковиќ истакна дека во земјава терапија има за сите пациенти, појаснувајќи дека за лековите кои не се набавени имало замена со медикаменти, кои имаат идентична ефикасност и безбедност.

Инаку, во Македонија има регистрирано вкупно 194 лица со ХИВ/СИДА, од кои 71 се починати, 95 живи и 74 се на антиретровирусна терапија.

OhridNews

извор: „Вечер“