Македонската репрезентативка во ритмичка гимнастика, Рејчел Стојанов за влакно не успеа преку квалификациите да обезбеди директен пласман на Олимписките игри во младинска конкуренција кои ќе се одржат во Аргентина.

15-годишната гимнастичарка која има охридско потекло, заврши на 20-та позиција во квалификациите кои се одржаа минатиот месец во Москва и изостана за две позиции од виза за Олимписките игри. Стојанов ќе биде помеѓу првите резерви кои ќе бидат на готовс, ако некоја се повреди, падне на допинг тест или слично.

Младата спортистика која живее во Софија, Бугарија со гордост го преставува својот роден град и Македонија во светските натпреварувања. Таа тренира со легендата на ритмичката гимнастика Неска Робева која има 250 освоени одличја.

Стојанов во следните месеци ќе настапи на Светското првенство во Бугарија и Европското првенство во Шпанија и ќе атакува на високите места на пиедесталот.

OhridNews