Обилните врнежи од дожд во текопт на вчерашниот ден и во текот на ноќта предизвикаа излевање на реката Сушица на повеќе локации со поплавени дворови и подруми, информира Центарот за управување со кризи.
Кризниот штаб и ЈП Охридски Комуналец интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај с. Вапила Расинска река го оштетува патот под мостот и се врши заштита со механизација. Евидентирано е и свлечиште кај Лескоец – Скребатно, соопшти ЦУК
Во Струга поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат, с. Мислешево и с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација.
Г.М.












