Трошоците на британските компании за огласување на мобилните апарати прв пат оваа година ги надминале расходите за реклами во весниците, покажале податоците на истражувачката организација „eMarketer“. Според нивните податоци, трошоците за мобилно огласување во 2014 години зголемени за 90 проценти, на 2,26 милијарди фунти, во споредба со 1,19 милијарди фунти во 2013. Притоа, расходите за реклама во печатените медиуми се намлени за пет проценти на 2,06 милијарди фунти, пренесуваат агенциите.

До 2018 трошоците за мобилна реклама во Велика Британија ќе чинат повеќе од третина од вкупните покажзатели за сите облици на медиуми, предвидува „eMarketer“. Оваа година трошоците за мобилно огласување чинат 15,1 процент од вкупните трошоци за реклама, додека на печатените медиуми одат 13,8 проценти. Во 2015 тој однос ќе биде 21 спрема 17,3 проценти. Следната година уделот на расходите за тв реклама ќе се намали на 23,8 проценти од 24,7 проценти оваа година, и тој показател ќе продолжи да се намалува до 2018 година.