Зградата на Домот на културата во Вевчани, во која истовремено е сместена и општинската администрација, доби, нов, реконструиран кровен покривач, а покрај тоа извршена е санација и во поткровната конструкција со што е подобрена состојбата на целиот објект. Интервенциите, преземени во текот на изминатите два месеци, се дел од активностите на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти, во рамките на проектот, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, преку програмите за рамномерен регионален развој.
– За реконструкција на објектот во Општина Вевчани вложени се 1,9 милиони денари, и при денешниот технички прием на објектот, констатирано е дека изведувачот на работите – МЗТ Инженеринг од Битола, квалитетно ги извршил преземените задачи, со што, пред сè, се подобрени условите за работа на општинската администрација, нагласуваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Во потровната конструкција на Домот на културата изведена е хидроизолација и поставени се топлотни изолациони материјали. Овие зафати,првенствено, ќе придонесат за намалување на финансиските средства за околу 30 проценти, што на годишно ниво Општина Вевчани ги издвојува за затополување на објектот. Покрај заштедите во локалниот буџет, значајно ќе се подобри вкупната енергетска ефикасност на објектот.
Од Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, потенцираат дека, во следните проекти, ќе предвидат активности за промена на системот на греење и замена на старата дрвена столарија со нови ПВЦ врати и прозорци, со што целосно ќе биде реконструиран Домот на културата во Вевчани.
OhridNews













