Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со охриѓани, стои во објавата.

OhridNews













