Во тек е реконструкција на детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“, кое соодветно се уредува, а се поставуваат и нови реквизити.

Во текот на претходниот период беше извршена реконструкција и на детските игралишта на улица „Јане Сандански“ и во населбата „Христо Узунов“.

Работните активности за реконструкција на игралиштата ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“ со поддршка на Општина Охрид.

Според планираното и во текот на наредниот период ќе се врши реконструкција и санација на детските игралишта на повеќе локации во општината, најави локалната самоуправа.

OhridNews