Во тек се градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа по цела должина на улица „Кленоец“.
Стариот и дотраен цевковод се заменува со нов и поквалитетен. Вредноста на овој зафат изнесува околу 28 милиони денари. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа, започнуваат градежни активности за реконструкција и изградба на атмосферска и фекална канализациона мрежа. Исто така и овој зафат ќе се одвива долж целата улица, информираат од Општина Охрид.
Со реализацијата на овие зафати, посочуваат, конечно после долги години ќе се надмине долгогодишниот проблем кој го имаат жителите од улица „Кленоец“ со водоводната и канализационата мрежа.
OhridNews