Од локалната самоуправа информираат дека од утре, па во наредните денови, ќе се врши реконструкција на дел од улицата “Абас Емин“, позади пожарната и на дел од улицата “Дејан Војвода“, од раскрсницата со “Абас Емин“ до булеварот “Македонски просветители“.

Се упатува апел до граѓаните, во наредните денови,  да ги избегнуваат овие улици за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на нив.

OhridNews