Во тек се инфраструктурни зафати на улици во делови од општина Охрид. Како што информираат од локалната самоуправа, во Лескоец, се врши асфалтирање на два краци. Едниот крак е во должина од 143 метри и е дел од улицата „Тоде Лупески“, а другиот е во должина од 136 метри и е дел од улицата „Ванчо Николески“.
Вкупната асфалтирана површина изнесува 960 метри квадратни, а работите ги изведува Илинден АД Струга.
На улицата „Гоце Делчев“ во тек се градежни зафати за реконструкција на тротоарските површини. Вкупната површина предвидена за реконструкција изнесува 1366 метри квадратни, односно 600 метри од двете страни на коловозната улица. Новите тротоарски површини се изработени од бехатон плочки поставени на претходно подготвена подлога од тампон и ситна песок.
OhridNews













