Американскиот пливач Мајкл Фелпс се надмина себеси и го собори сопствениот рекорд со освојувањето на 22-та златна медала на Олимписките игри.

Популарниот „балтиморски куршум“ сега го освои златото на трката од 200 метри, што е 13 индивидуална победа во неговата олимписка кариера.

Како што пишуваат светските медиуми, Американецот со тоа ги надминал и најголемите спортисти на игрите уште од античка Грција.


Според легендата, спортистот Леонидас кој се натпреварувал на Олимпијадите од 164 година до 152 година, во кариерата освоил 12 медали во поединечна конкуренција.

Фелпс сега е најодликуваниот Олимпиец на сите времиња, со вкупно 26 освоени медали.

Иако пред почетокот на ОИ во Рио му предвидуваа проблеми, особено поради конкуренцијата од неговиот сонародник Рајан Лохте и Јапонецот Хагино, Фелпс одговори на најдобар можен начин и ја прегази конкуренцијата.

OhridNews