Новиот рекорд на Џиџи Буфон и спектакуларниот погодок на Пабло Дибала го одбележаа минималниот триумф (1-0) на Јувентус против Сасуоло во воведот од 29-та рунда во Серија А.


Со новиот меч без примен погодок Буфон стигна до 926 минути со што го помина рекордот на легендарниот голман Дино Ѕоф од 903 минути.


За големо задоволство во Торино се погрижи Дибала кој со погодок ја круниса одличната акција со Квардадо.


Со овој триумф „старата дама“ се одлепи шест бодови од второпласираниот Наполи кој, пак, има меч помалку.

OhridNews