Традиционалното порибување со јагули на Охридското Езеро, што го врши АД ЕЛЕМ, ќе се одржи денеска.

Од ЕЛЕМ најавуваат дека годинава Охридското Езеро ќе биде порибено со рекордна количина подмладок на јагула.

Охридското Езеро е единствено отворено езеро во светот кое вештачки се порибува со јагула, откако со изградбата на хидроцентралите по течението на реката Дрим беше прекинат природниот пат на јагулата која секоја година минуваше илјадници километри до Саргасовото море каде се мрести.

OhridNews