Организаторите на УС Опен кој е последен турнир од грен слем серијата најавија зголемување на наградниот фонд за победниците во машка и женска конкуренција и сите тенисери кои ќе учествуваат.

Наградниот фонд за годинешното издание кое ќе се одржи од 26 август до 8 септември ќе изнесува 57 милиони долари. Шампионите во двете конкуренции ќе добијат по 3 850 000 долари, а прваците во двојки ќе поделат 1 500 000. Овој награден фонд е рекорден во однос на сите грен слем турнири.

Тенисерите кои ќе изгубат во раната фаза од турнирот исто така ќе заработат повеќе финансии во однос на минатите години. Тенисерите кои ќе завршат во првата рунда ќе добијат 58 000 долари, а оние кои ќе бидат елиминирани во втората рунда 100 000 долари.

На четвртиот и последен грен слем турнир за оваа година титулите ќе ги бранат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.

OhridNews