Англиската Премиер лига повторно ги помести границите во светскиот фудбал во вкупно заработени средства од ТВ преносите. Најсилната лига во колевката на фудбалот објави заработка од неверојатни 2.42 билиони фунти, кои ќе им бидат поделени на екипите учесници.
Манчестер Сити иако ја освои шампионската титула во делењето на колачот од ТВ преносите ја зазеде втората позиција после градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Мечевите на „црвените ѓаволи“ биле пренесувани 28 пати во ударните термини за разлика „граѓаните“ кои имале 26 преноси во „прајм тајм“. Манчестер Јунајтед ќе заработи 149.767.145 милиони фунти, додека Манчестер Сити ќе инкасира 149.438.654 милиони фунти.
Со вкупно 28 преноси во живо трет на табелата во заработувачката е финалистот во Лигата на Шампиони, Ливерпул, а Тотенхем со 25 преноси ја зазема четвртата позиција. Дури 17 екипи во Премиер лигата ќе инкасираат над 100 милиони фунти, а границата нема да ја надминат Свонси, Стоук и ВБА, кои и отпаднаа од англиското елитно друштво.
Шпанската лига, која може да се пофали со Ел Класико дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона и Калчо лигата која по подолго време имаше неизвеност околу титулата не можат ниту да и се доближат до англиската Премиер лига која се повеќе наликува на машина за пари.
OhridNews