Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен на својот клупски сајт објави дека и во 2015 година бележи рекорден профит.
„Баварците“ во 2015 година во својата каса инкасирале 523 милиони евра, но само 24 од нив се чисти и одат за сопствениците на клубот.
Најголем приход (137 милиони) германскиот првак остварува од продавањето на билетите во Лигата на Шампиони, Бундес лигата и Купот на Германија.
Договорите со спонзорите и маркентигот на „баварците“ им донел 113 милиони, а телевизиските права околу 60 милиони евра.
Расход најголем дури 227 милиони евра Баерн Минхен има за личните доходи на фудбалерите и се запослени во клубот кој е еден од најголемите во светот.
Ohridnews











