Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид на првиот уписен рок кој се одржа на 29, 30 и 31 август забележа рекорден број запишани студенти.
Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска истакнува дека одличниот упис е резултат на посветеноста и напорната работа на целиот тим на Универзитетот, одржување континуитет во високите стандарди за настава и наука, богата меѓународна соработка, учество во проекти, квалитетна промоција во текот на целата година, како и отвореност за соработка со другите институции, како дома, така и низ светот.
Вратите на Универзитетот остануваат отворени. Вториот уписен рок на Универзитетот ќе се одржи на 19 и 20 септември, а има и трет уписен рок, кој ќе се одржи на 29 септември 2023г.
OhridNews