Екипата на Барселона стигна до рекордниот 13-ти трофеј во шпанскиот Супер куп победувајќи ја Севиља со вкупен резултат 5-0.
Каталонците, победата 2-0 во Севиља ја капитализираа на Ноу Камп со уште еден триумф овој пат поубедлив (3-0) за почеток со титула на новата сезона.
Два од трите погодоци за Барселона постигна турскиот репрезентативец Арда Туран, а третиот беше дело на Лионел Меси.
Двомечот од шпанскиот Супер куп ги најавува мечевите од Ла Лига кои почнуваат викендов кој доаѓа.
OhridNews