Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ стигна до јубилејниот 30-ти трофеј од Мастерс турнирите откако триумфираше на „Роџерс турнирот“ во Торонто, Канада.


Во големото финале српскиот тенисер го совлада Јапонецот, Кеи Нишикори во два сетови (6:3, 7:5) и се радуваше на вкупно четвртиот трофеј од мастерсот во Торонто.

Со овој триумф Ѓоковиќ го најавија учеството на Олимписките игри, каде ќе цели на златото кое му недостига во богата колекција трофеи.


– Нема потреба да објаснувам дека на секој спортист сон му е да биде шампион на Олимпијада. Во Рио ќе се натпреварувам во „сингл и дабл“ и се надевам дека еден медал ќе освојам. – рече Србинот.


30-от трофеј од Мастерс турнирите е вкупно 66-ти медал за Ѓоковиќ од големи натпреварување вклучувајќи ги и титулите од Гренд слем турнирите.

OhridNews