Фудбалерите на Арсенал не дозволија доминација на Челси во англискиот фудбал, откако го освоија рекордниот 13-ти трофеј во ФА Купот. „Топчиите“ во финалето на Вембли го совладаа градскиот ривал со 2-1.

Арсенал по само четири минути игра со голот на Алексис Санчез го отвори резултатот и наговести добар развоја на настаните. Во 76-та минута „сините“ и со играч помалку изедначија на 1-1 преку Диего Коста. Егалот на семафорот кратко траеше, само три минути по голот на Арон Ремси, кој на крајот се покажа клучен за победа.

Челси после поразот во финалето остана само со трофејот од Премиер лигата, додека титулата во Лига купот ја освои Манчестер Јунајтед кој пак триумфираше и во Лигата на Европа.

OhridNews